Вечерна на Св. Климент Охридски во населба Сењак - Штип

image

Вечерна на Св. Климент Охридски во населба Сењак - Штип 

На 07. 12. 2020 година, на Патронот и Заштитникот на Нашата Света МПЦ – ОА Св. Климент Охридски, во храмот  „Св. Климент Охридскиот Чудотворец“ во населба Сењак - Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи празнична вечерна богослужба. На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светиот 

 Климент Охридскиот Чудотворец, по што Неговото Високопреосвештенство го благослови петолебието и одржа содржајна празнична беседа.