Литургија и осветување на Крст во Свети Николе
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 21 Јануари 2021
- Посети: 810
Литургија и осветување на Крст во Свети Николе
На 20.01.2021 кога го празнуваме Соборот на Светиот Јован Предвесник и Крстител на нашиот Спасител, неговото Високопреосвештентво Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение со свештеници од Свети Николе отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Николај Мирликиски“ – Свети Николе. По боженствената Литургија Неговото
Виокопреосвештентво го изврши чинот на оветување на Крст кој се постави на камбанаријата при храмот кој е во изградба, а е посветен на Св. Лидија Македонска. Донатори на новоосветениот Крст се г-дин Војче Петрушев и г-дин Илија Филиповски