Храмова слава во Оризари и осветување на новoизграден пат

image

Храмова слава во Оризари и осветување на новoизграден пат 

На 31.01.2021 год. кога го празнуваме споменот на Св. Атанасиј Велики, чие што име го носи храмот во Оризари, Неговото Виокопреовештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници отслужи Света Архиерејска Литургија на која одржа пригодна беседа, го благослови славскиот колач и изврши литија околу храмот. 

 По завршувањето на светата Литургија, а во присуство на Минитерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, Министерот за транспорт и врски г-дин Благој Бочварски, Заменик претседателот за борба против корупција и криминал г-дин Љупчо Николовски, Градоначалникот на Општина Кочани г-дин Николчо Илијев и бројниот верен народ, Неговото Високопреовештенство изврши чин на освет на патниот правец Оризари – Добра Вода до манастирот Источен Петок – Балаклија.