СЕДНИЦА НА ЕУО

image
 
СЕДНИЦА НА ЕУО

На 01.03.2021 година, во просториите на Административниот центар при Брегалничката епархија во Штип, беше одржана редовна седница на Епархискиот управен одбор при Брегалничката епархија под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион. На седницата беше одобрена Завршната сметка на Епархијата за 2020 година, 

 а беше одобрен и Предлог-буџетот на Епархијата за 2021 година. На истата беа разгледани и повеќе акти, а се разговараше и за повеќе тековни работи, како и планови за тековната 2021 година.