Погребение на протоереј ставрофор Бранко Богданов

image

 

 Погребение на протоереј ставрофор Бранко Богданов

На 31.03.2021 година кога го чествуваме  споменот на Св. Кирил Ерусалимски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од епархијата изврши погребение на новоупокоениот протоереј ставрофор Бранко Богданов. На погребението кое се изврши во дворот при храмот 

Св. Пр. Илија во блатец присуствуваа членови на семејството, духовни чеда и многуброен верен народ. Неговото Високопреосвештенство одржа утешително и поучно слово изразувајќи жалење за телесната разделба, но и потсети за радосната вест за воскресението Христово преку кое ни е покажано дека сме создадени за вечен живот. 

Нека Бог се смилува на неговата душа и заедни со светителите и небесните војски да ја служи непрестајната Литургија во Небесниот Ерусалим.