Цветници во Виница
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 25 Април 2021
- Посети: 2026
Цветници во Виница
На 25.04.2021 год. кога го празнуваме големиот празник Влегување на нашиот Господ и Спасител Исус Христос во Еруалим, кај народот познат како Цветници, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од доверената му
Брегалничка епархија отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Арх. Михаил“ во Виница. На бројниот верен народ Митрополитот се обрати со поучно слово по што верниците се причестија со Телото и Крвта Христови.