Пасха во Штип

image

Пасха во Штип

На најголемиот и најрадосниот христијански празник Воскресение Хритово – Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во ослужение на повеќе свештеници во соборниот храм „Св. Николај“ – Штип изврши

литија и на полноќ ја објави веста за  Христовото Воскресение. По литијата се продолжи со пасхалното утрено богослужение и со Света Архиерејска Литургија на која со одлука од САС при МПЦ – ОА со чин ставрофор беше одликуван протоереј Злате Николовски од Штип. На Литургијата со благослов на надлежниот Архиереј беше прочитано Велигденаското послание ипратено од Неговото Блажентво Архиепископот Охридски и Македонки и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, по што многубројниот верен народ се причести со Телото и Крвта на нашиот Спасител. По завршувањето на Литургијата Неговото Високопреосвештентво го поздрави верниот народ со најрадосниот поздрав ХРИТОС ВОКРЕСНА – НАВИТИНА ВОСКРЕСНА и според древната традиција на сите присутни им подели Велигденско јајце.