Литургија во Ораовица

image

Литургија во Ораовица

На 06.05.2021 кога Светата Православна Црква го чествува споменот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоноец во манастирот посветен на овој голем светител во село Ораовица – Радовиш, Неговото Високопреовештенство Митрополитот 

Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Радовиш отслужи Света Архиерејска Литургија по која го благослови празничниот леб.