Ракополагање во Виница

image

Ракополагање во Виница

На 16.05.2021 год. во неделата на Жените мироносици кога го чествуваме споменот на Св. Мч-ци Тимотеј и Марва, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Бреглнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од епархијата отслужи

 Света Архиерејска Литургија во храмот „Св.Ап. Лука“ во Виница на која во чин свештеник го ракоположи ѓакон Дамјан Спасов од Виница. По прочитаната свечена заклетва од страна на кандидатот за свештеник, надлежниот ни Митрополит му е обрати на ѓакон Дамјан и го поучи за големината, но и одговорноста за свештеничкиот повик, а по Причестувањето со Телото и Крвта на нашиот Господ и Спасител обраќајки се кон присутните верници изговори пригодна беседа.