На Педесетница во Штип

image

На Педесетница во Штип 

На 20.06.2021 год. на педесетиот ден од Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, кога си спомнуваме за настанот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици видливо слегува врз апостолите, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот 

Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од епархијата отслужи Света Архиерејска Литургија. По завршувањето на Литургијата Богодаруваниот ни владика отслужи и празнична вечерна богослужба на која беа прочитани трите молитви упатени кон Светиот Дух. По завршувањето на богослужението Митрополитот одржа содржајна беседа за величината на овој Господов празник.