Промоција на книга во Штип

image

Промоција на книга во Штип

На 22.06.2021 год. – трет ден Духовден, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, а во присуство на претставници од културниот, политичкиот и бизнис секторот, како и на свештеници и многуброен верен народ беше промовирана  книгата „Слово за Словото“ I – V 

том, на која како автор се јавува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан. 

Промотори на книгата беа Епископот Херклејски господин Климент и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, а програмата беше збогатена со класични нумери во изведба на Архиепископскиот брас квинтет како и духовни химни испеани од страна на свештенослужители од Скопската епархија.