Ракополагање во Радовиш

image

Ракополагање во Радовиш 

На 21.06.2021 год. втор ден Духовден – Света Троица во истоимениот храм во Радовиш, Неговото Виокопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион заедно со Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски господин Партениј, во сослужение на повеќе 

свештеници од Брегалничката епархија и монаси од Бигорската света обител отслужија Света Архиерејска Литургија пред чиј почеток во чин ипоѓакон беше произведен Трајче Јованов од Радовиш, а на самата Боженствена беше ракоположен во ѓаконски чин. По причестувањето со Телото и Крвта на нашиот Спасител беседеше Епископот господин Партениј кој заблагодари за поканата и љубовта на нашиот Митрополит и го поучи верниот народ. По завршувањето на Литургијабе беше благословен празничниот леб.