Заупокоена Литургија во Ново Село - Штип

image

Заупокоена Литургија во Ново Село - Штип

На 31.07.2021 год. кога го чествуваме споменот на Св. мч. Емилијан; преп. Памво; преп. Паисиј и Исаиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија,

отслужи Света Златоустова заупокоена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село - Штип, а по завршувањето на Литургијата Митрополитот изврши и парастос за покој на душата на отец Јовче. Нека му е вечен поменот на упокоениот отец Јовче и Троединиот Бог нека се смилува на неговата душа и како награда за неговиот примерен евангелски живот, љубов и пожртвуваност му дарува Царство Небесно.