На Илинден во Радовиш

image

На Илинден во Радовиш 

На 02.08.2021 година, кога го чествуваме споменот на Светиот пророк Илија, кој е воедно и голем национален празник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Радовиш 

во храмот посветен на Светиот Илија отслужи Света Архиерејска Литургија на која беше прочитано Илинденското послание од Архиепископот на Македонската Птавославна Црква – Охридска Архиепископја господи господин Стефан. По завршувањето на Литургијата Митрополитот го благослови и пресече празничниот леб, по што изврши трисагија за сите оние кои го положија животот за слободата на татковината.