Празнична вечерна во с.Пантелеј

image

Празнична вечерна во с.Пантелеј

На 08.08.2021 год. во навечерието кога го чествуваме споменот на Светиот вмч. Пантелејмон; Св. Климент Охридски и Св. Седмочисленици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе 

 свештеници од доверената му епархија отслужи пранична вечерна во манастирот Св. вмч. Пантелејмон во с.Пантелеј - кочанско. На богослужбата Митрополитот го благослови петолебието и беседеше за ликот и делото на овој голем светител и ги поучи присутните да се поучуваат од неговиот пример.