Преображение Христово во Штип

image

Преображение Христово во Штип

На 19. 08. 2021 година, кога Светата Православна Црква го празнува Преображението на Господа Исуса Христа, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката Епархија,

отслужи света архиерејска литургија во Епархискиот Соборен храм Св. Николај во Штип. На светата литургија, Митрополитот г. Иларион, пред многубројниот народ, го благослови новиот лозов плод и произнесе пригодна беседа.