Празнична вечерна во Радовиш

image

Празнична вечерна во Радовиш

На 20.08.2021 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархијата, а по повод празникот посветен на Светиот маченик Спасо Радовишки, кој е воедно и патрон празник на градот Радовиш, отслужи

празнична вечерна богослужба. На литијните стихири  Неговото Високопреосвештенство се поклони на иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки, по што го благослови петолебието и одржа пригодна беседа. После Вечерната богослужба, на параклисот посветен на Св. мч. Спасо Радовишки, кој се наоѓа на Градскиот Плоштад во Радовиш, Митрополитот г.Иларион изврши молебен кон Св. мч. Спасо Радовишки.