Празнична вечерна богослужба во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село – Штип

image

Празнична вечерна богослужба во Штип и свечена академија во Пробиштип

На 27.08.2021 година во предвечерието на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село – Штип, отслужи

празнична вечерна богослужба на која го благослови петолебието и беа испеани статиите на Успението на Пресветата Богомајка. По вечерната богослужба Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, присуствуваше на свечената академија во Пробиштип, по повод патронот на градот и денот на рударите.