Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица

image

Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица

На 28. 08. 2021 година – Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката Епархија, во црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, отслужи света архиерејска литургија.

 На крајот од светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа, им го честита храмовиот празник и денот на сите рудари во Македонска Каменица. По ова, Митрополитот г. Иларион изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.