Празнична вечерна во Свети Николе

image

Празнична вечерна во Свети Николе

На 18.12.2021 год. во навечерието кога го чествуваме споменот на Св. Николај Мирликиски Чудотворец и св. Николај Патарски,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, отслужи празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Светиот Николај Мирликиски Чудотворец во Свети Николе. Пред почетокот на вечерната, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, донесе мошти од Светиот Николај Мирликиски, на чии што мошти верниот народ се поклони.

На богослужбата Митрополитот го благослови петолебието и беседеше за ликот и делото на овој голем светител.