На Св. Николај Мирликиски во Штип
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 19 Декември 2021
- Посети: 1786
На Св. Николај Мирликиски Чудотворец во Штип
На 19.12.2021 год. кога го чествуваме споменот на Св. Николај Мирликиски Чудотворец; св. Николај Патарски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и свештеници на Брегалничката Епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на Светиот Николај Мирликиски Чудотворец во Штип. На крајот од Светата Литургија,
Митрополитот Повардарски г. Агатангел одржа содржајна беседа, а потоа Митрополитите извршија мал водосвет и го пресекоа и благословија празничниот леб.