На Рождество Христово - Божик во Штип

image

На Рождество Христово - Божик во Штип и ракополагање во ѓаконски чин

На 07.01.2022 год. кога Светата Православна Црква го празнува Рождеството Христово - Божик,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Божикна Света Архиерејска Литургија во Епархискиот Соборен храм „Свети Николај“ во Штип. Пред почетокот на Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го произведе

во чин ипоѓакон, богословот Миле Тошев од Штип, а за време на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин. На крајот од Литургијата Митрополитот произнесе пригодна беседа и го поздрави верниот народ со радосниот поздрав Христос се роди! - Навистина се роди!