Архиерејска Литургија во чест на Свети Гаврил, Епископ Велички

image

Архиерејска Литургија во чест на Свети Гаврил, Епископ Велички

На 12.01.2022 год. кога го чествуваме споменот на Светиот Гаврил Светогорец, Епископ Велички и новиот Лесновски Чудотворец, св. мч-чка Анисија, преп. Теодора Цариградска,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф, Епископот Стобиски господин Јаков и свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во

Лесновската обител. На божествената литургија беседеше Епископот Стобиски г. Јаков, а по литургијата Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф го благослови и пресече празничниот леб.