Вечерна Богослужба во Манастирот Св. Спиридон - Злетово

image

Вечерна Богослужба во Манастирот Св. Спиридон - Злетово

На 14.01.2022 год. во предвечерието на  Претпр. на Богојавление; Св. Силвестер и преп. Серафим Саровски,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Вечерна Богослужба во параклисот „Покров на Пресвета Богородица„ при женскиот манастир „Св. Спиридон“, во с. Злетово, метох на Лесновската Обител. На Вечерната Богослужба,

во чест на именденот на Мати Серафима, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб. На многаја и благаја лета!