Богојавление - Водици во Штип

image

Богојавление - Водици во Штип

На 19.01.2022 год. кога Светата Православна Црква го празнува празникот Крштение на Господ Исус Христос - Богојавление - Водици,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во Епархискиот Соборен храм „Св. Николај“ во Штип. По Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион заедно со свештениците и многубројниот верен православен народ, како и градоначалникот на општина Штип г. Иван Јорданов, во литија се упати на Мостот на реката Брегалница, каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст.

Крстот од водите на реката Брегалница го извади Дарио Димитров, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со Свето Писмо - Библија, а градоначалникот на Општина Штип му подари ваучер од 10 000 денари. Бог се јави! - Навистина се јави!