Воскресение Христово - Велигден

image

Воскресение Христово - Велигден во Штип

На 24.04.2022 година кога Светата Православна Црква го празнува најголемиот и најрадосниот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, најнапред на голема радост на сите верни го донесе благодатниот оган, изврши литија и на полноќ ја објави веста за Христовото Воскресение. По литијата се продолжи со Пасхалното утрено богослужение и со Света Воскресенска Ариерејска Литургија.

На крајот од Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, а Митрополитот ги поздрави верниците со најрадосниот и торжествен поздрав ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ - НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!