Воскресение Христово - Втор ден Велигден
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 25 Април 2022
- Посети: 328
Воскресение Христово - Втор ден Велигден во Кочани
На 25.04.2022 година Воскресение Христово - Втор ден Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Воскресна Архиерејска Литургија, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, и беше прочитано Велигденското послание од Архиепископот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан.
На крајот од Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, а Митрополитот ги поздрави верниците со најрадосниот и торжествен поздрав ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ - НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!