Воскресение Христово - Трет ден Велигден

image

Воскресение Христово - Трет ден Велигден во Радовиш

На 26.04.2022 година Воскресение Христово - Трет ден Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Воскресна Архиерејска Литургија, во храмот „Св. Троица“ во Радовиш, на почетокот од Литургијата свештенството од Радовиш со Црковните настојатели му подарија Митра на надлежниот Митрополит г. Иларион, како благодарност за неговата татковска грижа за доверената му паства. На Литургијата беше прочитано  и Велигденското послание од Архиепископот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан.

На крајот од Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, а Митрополитот ги поздрави верниците со најрадосниот и торжествен поздрав ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ - НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!