Источен Петок - Балаклија

image

На Источен Петок - Балаклија во Марена, метох на Лесновскиот манастир

На 29.04.2022 година во манастирот посветен на Животворниот извор на Пресвета Богородица - Источен Петок - Балаклија, во месноста Марена - Златово, метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Воскресна Архиерејска Литургија.

На крајот од Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, а Митрополитот го благослови и пресече празничниот леб.