Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 30 Април 2022
- Посети: 363
Литургија во Струмица и литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница
На 30.04.2022 година, Сабота од Светлата Седмица, св. свешт-мч. Кипријан Слепченски, св. свешт-мч. Симеон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители од Струмичката и Брегалничката Епархија, отслужија Света Воскресна Архиерејска Литургија во храмот „Св. Димитриј и Св. Григориј Палама“ во Струмица, а по Литургијата тргна свечената литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница и мошти од Св. Гаврил Велички, Св. Василиј Велики и Св. Првомаченик Стефан,
до плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.