Недела 2-ра на Воскресение (Томина Недела)
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 01 Мај 2022
- Посети: 360
Недела 2-ра на Воскресение - Томина Недела во Македонска Каменица
На 01.05.2022 година, Недела 2-ра на Воскресение - Томина Недела, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Воскресна Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, на Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, а Митрополитот одржа содржајна беседа. По литургијата Митрополитот Брегалнички г. Иларион
ги освети и ново изградените парохиски станови, кои се наоѓаат во дворот на храмот „Св. Пророк Илија“ во Македонска Каменица.