Осветување на нов храм во с. Рајчани
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 08 Мај 2022
- Посети: 268
Осветување на нов храм во с. Рајчани - Кочанско
На 08.05.2022 година, Недела 3 на Воскресение (на Мироносиците), св. ап. и ев. Марко, св. Анинан Александриски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, го освети новоизградениот храм посветен на „Света Троица“ во с. Рајчани - кочанско, а потоа отслужи Света Воскресна Архиерејска Литургија во новоосветениот храм,
на Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, а Митрополитот одржа содржајна беседа.