Недела 4-та на Воскресение (на Раслабениот)

image

Недела 4-та на Воскресение (на Раслабениот) во с. Ѓуриште - Светиниколско

На 15.05.2022 година, Недела 4 на Воскресение (на Раслабениот), пренес. на мошт. на св. Атанасиј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Воскресна Архиерејска Литургија во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Ѓуриште - светиниколско,

на крајот од Литургијата, Митрополитот одржа содржајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.