Празнична Вечерна во Лесновскиот Манастир

image

Празнична Вечерна Богослужба во Лесновската обител

На 27.05.2022 година, во навечерието на празникот на Светиот Гаврил Светогорец, Епископ Велички, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Празнична Вечерна Богослужба, во манастирот „Свети Гаврил Лесновски“ во Лесново.

За време на Вечерната, Митрополитот се поклони на иконата на Светиот Гаврил Светогорец, Епископ Велички и го благослови петолебието.