Спомен на Светиот Гаврил Светогорец, Епископ Велички во Лесново

image

Спомен на Светиот Гаврил Светогорец, Епископ Велички во Лесново

На 28.05.2022 година, кога правиме спомен на Светиот Гаврил Светогорец, Епископ Велички, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, со Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и свештенослужители од Брегалничката Епархија, во манастирот „Свети Гаврил Лесновски“ во Лесново.

На Литургијата беседеше Неговото Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, а по причестувањето на многубројниот верен народ, беше благословен и празничниот леб.