Недела 6-та на Воскресение (на Слепиот)

image

Недела 6-та на Воскресение (на Слепиот) и освет на реновираниот храм во с. Пирава - Валандовско

На 30.05.2022 година, Недела 6-та на Воскресение (на Слепиот), преп. Теодор Осветен; св. Николај Мистик, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, со Митрополитите Повардарски г. Агатангел и Европски г. Пимен и свештенослужители од Повардарската Епархија, во храмот посветен на „Светиот вмч. Георгиј“ во с. Пирава - Валандовско.

Пред Литургијата Митрополитите извршија реосветување на реновираниот храм „Свети вмч. Георгиј“ во с. Пирава - Валандовско.