Свечена прослава по повод матурирањето на 54-та генерација Богослови

image

Свечена прослава по повод матурирањето на 54-та генерација Богослови

На 09.06.2022 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, присуствуваше на свечената прослава по повод матурирањето на 54-та генерација Богослови, при Македонската Православна Богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево - Скопје. На свечената прослава беа присутни и Ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, деканот на Богословскиот факултет проф. д-р. Ѓоко Ѓорѓевски и почитувани свештеници на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.

Свечено и пригодно обраќање имаше класниот раководител проф. д-р Александар Атанасовски и матурираниот богослов Бране Николовски.