Слегување на Светиот Дух врз Апостолите - Педесетница

image

Слегување на Светиот Дух врз Апостолите - Светата Педесетница во Куманово

На 12.06.2022 година, кога Светата Православна Црква го празнува Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите - Светата Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, чиноначалствуваше на Светата Архиерејска Литургија во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители од Кумановско-осоговската епархија, во Епархискиот Соборен храм „Св. Николај“ во Куманово.

По Литургијата, беше отслужена и Вечерна Богослужба на која беа прочитани Духовденските молитви од страна на Архиереите.