Ден на Светиот Дух - Света Троица

image

Ден на Светиот Дух - Света Троица во Радовиш

На 13.06.2022 година, Ден на Светиот Дух - Света Троица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, чиноначалствуваше на Светата Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот посветен на „Света Троица“ во Радовиш. За време на Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички, г. Иларион, го ракоположи ѓаконот Дејан Рисафов од Штип, во свештенички чин и  одржа спдржајна беседа за значењето на свештеничкиот повик.

По Литургијата, Митрополитот го благослови и пресече празничниот леб.