Рождество на Свети Јован Крстител - Иванден

image

Рождество на Свети Јован Крстител - Иванден во Делчево

На 07.07.2022 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Рождеството на Свети Јован Крстител - Иванден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Наум Охридски“ во Делчево. На крајот од Литургијата Митрополитот одржа содржајна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова. А по завршувањето на Литургијата,

Митрополитот Брегалнички г. Иларион направи увид во изградбата на новата крстилница, и даде напатствија за текот на градбата.