Празнична Вечерна во чест на Светите Апостоли Петар и Павле во Кочани

image

Празнична Вечерна во чест на Светите Апостоли Петар и Павле во Кочани

На 11.07.2022 година, во навечерието на празникот на Светите апостоли Петар и Павле - Петровден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Празнична Вечерна во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. На Вечерната се изнесе иконата на Светите апостоли Петар и Павле, а потоа Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието. По Вечерната богослужба се изврши Литија со иконата на Светите апостоли Петар и Павле, од храмот „Св. вмч. Георгиј“ до Градскиот Плоштад,

каде што Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб. По Литијата се одржа и Духовна Академија, на која присуствуваше и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.