На Св.вмч. Прокопиј Кесариски во манастирот „Св. Спиридон Чудотворец“ - Злетово

image

На Св.вмч. Прокопиј Кесариски во манастирот „Св. Спиридон Чудотворец“ - Злетово, метох на Лесновскиот манастир

На 21.07.2022 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Св.вмч. Прокопиј Кесариски, преп. Теофил Мироточив, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на протосингел о.Исак и о. Серафим, отслужи Света Архиерејска Литургија во женскиот манастир „Св. Спиридон Чудотворец“ во Злетово, метох на Лесновскиот манастир. На крајот од

Литургијата Митрополитот г.Иларион одржа содржајна беседа, а по завршувањето на Литургијата го благослови и пресече празничниот леб.