Празнична вечерна во манастирот Девина Вода - Косово и Метохија

image

Празнична вечерна во манастирот Девина Вода - Косово и Метохија, СПЦ

На 24.07.2022 година, во навечерието на празникот на Чудотворната икона Богородица Троеручица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, на покана од Преосветениот Епископ Рашко-призренски г. Теодосиј, Архиереј на СПЦ, во сослужение на свештенослужители од СПЦ и МПЦ-ОА, отслужи Празнична вечерна Богослужба во манастирот „Девина Вода“ посветен на Чудотворната икона Богородица Троеручица, кој се наоѓа на северот на Косово и Метохија во општина Звечан. На крајот од

Празничната вечрна, Митрополитот г.Иларион го благослови и пресече петолебието.