Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип

image

Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип

На 28.08.2022 година, кога Православната Црква го празнува празникот Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа и му даде Благодарница на г. Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи на Република Македонија, за особен придонес и помагање на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, а по

завршувањето на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, изврши освет на споменикот на упокоениот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил, изграден во дворот на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип.