Свети мч. Фануриј и ракополагање во ѓаконски чин во Штип

image

Свети мч. Фануриј и ракополагање во ѓаконски чин во Штип

На 09.09.2022 година, св. мч. Фануриј, преп. Пимен Велики, св. Осиј Кордупски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип. Пред почетокот на Литургијата, Митрополитот г. Иларион го произведе во чин Ипоѓакон дипломираниот богослов, теолог и вероучител, Михаил Ристов од с.Долни Балван - Штип, а во текот на Литургијата го ракоположи во ѓаконски чин. На крајот од Литургијата,

Митрополитот г. Иларион изврши и трисагија за покој на душата на мајката на св. Фануриј.