Сослужување со Епископот Бихачко-петровачки г. Сергеј во Лесновската обител

image

Сослужување со Епископот Бихачко-петровачки г. Сергеј во Лесновската обител

На 17.09.2022 година, Св. свешт-мч. Вавил, пророк и боговидец Мојсеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на Епископот Бихачко-петровачки г. Сергеј, Архиереј при СПЦ, и свештенослужители од Бихачко-петровачката и Брегалничката Епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во Лесновскиот манастир. На крајот од Литургијата двајцата Архиереи одржаа содржајни беседи,

а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови. На многаја лета!