Празнична Вечерна богослужба во храмот „Слегување на Светиот Дух врз Апостолите“ во Ниш - Р.Србија

image

Празнична Вечерна богослужба во храмот „Слегување на Светиот Дух врз Апостолите“ во Ниш - Р.Србија

На 09.11.2022 година, во навечерието на празникот на Светиот Арсениј Сремски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, на покана од Епископот на Нишката Епархија г. Арсениј, Архиереј на СПЦ, чиноначалствуваше на Празничната Вечерна, во сослужение на свештенослужители од СПЦ, во храмот „Слегување на Светиот Дух врз Апостолите“ во градот Ниш, Р.Србија,

а на крајот од вечерната го благослови и празничното петолебие.