Литургија на Св. мч. Фануриј во Штип

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/fanurij//

На 09. 09. 2010 година, препод. Пимен Велики, св. мч. Фануриј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, отслужи света архиерејска литургија, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво. На светата литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодно слово и се помоли за успех на учениците, бидејќи во градот Штип, на празникот на Светиот маченик Фануриј, храмот најмногу е посетен од учениците заедно со своите родители. Соборниот храм беше претесен за да ги собере своите најмали и најмили верници. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион изврши помен за мајката на Светиот маченик Фануриј.

Истиот ден во 12 часот, Митрополитот г. Иларион, ја освети станицата за технички преглед ЕУРО КОНТРОЛ во Облешево, сопственост на г. Драги Стојановски и неговото семејство.