Литургија на Poждество на Пресв. Богородица во Штипско Ново Село

image

На 21. 09. 2010 година, Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата посветена на Св. Богородица во Штипско Ново Село, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе содржајна и поучна беседа, а по беседата со соодветно молитвословие го благослови новоизбраниот Претседател г. Трајче Димков и Членовите на Управниот Одбор на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Штип и на новоизбраниот Претседател за спомен му подари икона на Господ Исус Христос.