Семакедонски православен собор во Штип

image

На 03. 10. 2010 година, Собор на сите македонски светители, Св. вмч. Евстатиј Плакида, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Нивните Високипреосвештенства, Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско - новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Американско – канадски г. Методиј и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандрит Нектариј, игуменот Дамаскин и свештеници од МПЦ и дијаспората, отслужи Света Архиерјска Литургија во црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица во Штипско Ново Село.

На крајот од светата литургија, оваа година, како организатор Брегалничката епархија, се одржа Семакедонскиот православен собор на кој свое излање имаше ѓаконот Тони Петрушевски од Свети Николе на тема Светоста на Светите. По излагањето, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Им се заблагодари на Поглаварот на МПЦ - ОА г. г. Стефан и членовите на МПЦ - ОА што зедоа учество во прославувањето и одржувањето на Семакедонскиот православен собор, а Митрополитот Повардарски г. Агатангел објави дека идната година Семакедонскиот православен собор ќе се одржи во Полошко – кумановската епархија.  На прославата која пета година по ред се одржува присуствуваа голем број на православен народ од цела Македонија.